Во велешката касарна крводарителска акција со 27 собрани крвни единици (фото)

Петар Печков

Во Велешката касарна Алексо Демниевски Бауман се реализираше крводарителска акција. На неа беа собрани 27 крвни единици. Крв даруваа припадниците на АРМ воени лица, професионални војници, граѓански лица. 

„Хуманоста и солидарноста повторно беа присутни во Велешката касарна. На крводарителска акција крв уште еднаш ја покажаа својата хуманост и подготвеност да помогнат“ – кажа Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.

Ова е втора од трите крводарителски акции кои се реализираат во велешката касарна, последната е при крајот на годинава. 

Акцијата ја реализираа Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати