Автобус кој превезувал ученици на екскурзија, испратен на вонреден технички откако четири пати се расипувал

Петар Печков

Автобус со ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ ноќеска бил сопрен и испратен на вонреден технички преглед. Ова дошло по реакција на родител, чие дете го контактирало и реагирало дека во текот на возењето автобусот четири  пати се расипувал. Деталите од информацијата на МВР.

„По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43 год) од Скопје“ – соопштија до МВР. 

Автобусот бил одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност.  Патниците со друг автобус биле безбедно пренесени до крајната дестинација.  По целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати