Пронајден починат работник во свињарската фарма во Амзабегово

Петар Печков

Пронајден е починат работник во свињарска фарма во Амзабегово, соопшти штипската полиција. По обдукцијата ќе се знаат причините за смртта. 

„На 14 април  во 22:57 часот во СВР Штип – ОВР Свети Николе е пријавено дека во свињарска фарма во село Амзабегово, светиниколско, бил пронајден починат вработениот К.П.(64 год) од Свети Николе. Лекар на Итна медицинска помош пристигнал веднаш во фармата, но тој само констатирал смрт“  - соопштија од СВР Штип. 

Телото на починатиот по барање на ОЈО Свети Николе  е предадено на обдукција по што ќе се знаат причините за смртта.

Ова е втора смрт во истата свињарска фарма во Амзабегово, откако на 8 јануари 2024 година, смртно настрада работник а колeга кој се обиде да го спаси, се здоби со тешки здравстени последици од труење.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати