Прилепчани не престануваат да ја пустошат шумата на планината Мукос, вчера шумската полиција откри група од 20 лица (фото)

Петар Печков

Во акција на шумската полиција, на теренот на планината Мукос, на стариот пат Велес- Прилеп преку Јасеново и Извор, вчера попладне шумската полиција  во акција против  дрвокрадци, открила дваесетина жители на Прилеп, како нелегално сечат дрва. При тоа било констатирано дека се исечени 10-тина кубици букови и дабови дрва. 

Акцијата била спроведена во близина на местото, каде пред десетина дена дровкрадци нападнаа и  натепаа петмина полицајци, при што двајца од нив се здобија со тешки повреди.

И покрај тоа што неодамна се уапсени 15-тина лица дрвокрадци од прилепско, сторители на нападот на полицајците, други продолжуваат со пустошењето на шумата, на истиот предел. Во месноста викана  Дервен, околу 17 часот во шума, пронајдени се две поголеми групи  на дрвокрадци, кои нелегално пустошеа шума, сечеа, складираа, транспортираа огревни дрва. Немаа  документи дека легано ги сечат дрвата.  При редовна контрола на теренот, на стариот пат кон Прилеп, на планината Мукос, каде има често дрвокрадци, од прилепско,  слушневме звук на повеќе моторно пили, како сечат и се упативме на местото. Таму затекнавме дваесетина лица, две лади ниви полни со огревно дрво и шест моторни пили со кои работеа. Автомобилите, дрвата и средствата се запленети а против шест лица, кои се идентификувани и  сечеа ќе се поднесат соодветни кривини пријави.  Сторителите во овој случај даваа отпор, се бунтуваа - изјави Горан Стојановски, шумски полицаец, еден од учениците во акцијата  на Подрачната единица на Шумската полиција во Велес.   

Додаваат дека изминатата недела биле пронајдени четири моторни пили и  исечени дрвја, но сторителите побегнале, кога тие пристигнале на местото каде нелегално се сечела шумата. Вработените во шумската полиција во Велес сведочат дека  дрвокрадците , кои без исклучок се од прилепско и ја пустошат шумата на планината Мукос, биле добро организирани.

Ако поранешните години работеа по во мали групи од 3-4 лица, сега се многу побројни, ги има по 20-тина. Едни сечат, други ги пренесуваат дрвата, трети ги складираат, четврти ги пренесуваат. Исечените дрва ги транспортираат со стари лади ниви, без регистарски таблички, со нерегистрирани возила. Знаат да бидат многу агресивни кога ќе ги откриеме, напаѓаат со секири, дрва, метални шипки, ножеви. Ни ги оштетуваат возилата за да не можеме да го гониме или од нивните возила ги вадат акумулаторите, ги дупат гумите,за да не можеме да ги заплениме. Дека се добро организирани зборува и тоа што имаме откриено штали со коњи, со кои од високите делови на планината ги префрлаат нелегално пресечените дрва долу до патот, за потоа да ги пренесат во Прилеп. Оставам на истражните органи да откријат каде завршуваат овие дрвја, оти не се за огрев за нивните семејства. Дали ги продаваат на складови, дали сами ги продаваат на купувачи,дали за огрев  на лица што вршат пекарска дејност,  тоа го знаат во Прилеп - велат од шумската полиција во Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати