Голема е разликата од прочистената листа на корисниците на минимална помош и социјална пензија за март и април, кажа министерот Велковски

Петар Печков

Голема е разликата помеѓу лицата корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија за април и таа од март, кажа министерот за труд и социјална помош Ѓоко Велковски, при денешниот престој и средба со пензионерите од  Велес.

Тоа се должи на прочистување на листите и нивна  проверка, дали поединци се корисници на социјална помош а имаат возило во нивна сопственост.  Најави дека точната бројка ќе биде позната на 1 април по што и ќе биде објавена  во јавноста.   

„Од првиот ден откако најавив, инспекторите се во контрола по можните злоупотреби, кои се случувале во однос на сопственоста на моторни возила, кои ги поседувале лица а користеле гарантирана минимлана помош или социјална пензија. Се прават прекини, конечната бројка ќе биде позната на 1 април, кога се затворат тие листи. Тогаш ќе ги имаме конечните бројки, за  кои досега можам да кажам дека има голема разлика“- кажа министерот Велковски.  

Тој пред десетина дена  објави  дека имало 2.252 незаконски плаќања кон лица корисници на минимална помош и социјална пензија кои   пријавиле дека не поседуваат возило а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство.

Според тогашните објавени податоци во Центарот за социјална работа во Велес имало стотина такви случаи, да користат гарантирана минимална помош и социјална пензија но и да имаат возило . Според Законот овие лица ќе треба да ги вратат средствата кои ги земале.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати