Укинат утринскиот патнички воз за Гевгелија и попладневниот за Скопје

Петар Печков

Од средата 27 март, укинат е патничкиот воз кој наутро поаѓаше од Скопја за Гегвелија а попладне се враќаше. Во соопштението објавено на веб страната на АД  МЖ Транспорт нема детали зошто возот е укинат, ниту дали и кога може да се очекува повторно да сообраќа.  

„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација Скопје – Гевгелија – Скопје дека од ден 27 март среда, до следно известување нема да сообраќаат  патничкиот воз бр. 611 кој поаѓа од Скопје во 06.23 часот и воз бр. 632 кој поаѓа од Гевгелија во 17.02 часот“ – пишува во соопштението.

За Гевеглија останува да вози единствениот  патничкиот воз кој од Скопје тргнува во 16,55  а од Велес  во 17,47 а од Гевгелија во 4,40 ч. во Велес беше во 6,27ч. На оваа релација сообраќаа два пара патнички возови и двата електрични.  

Од пред една седмица  АД МЖ ТРанспорт ги врати во сообраќај двата патнички воза  од Скопје за Битола и назад, кои беа расипани и четири месеци вон употерба. Сите патнички гарнитури кои сообраќаат во земајва се од кинеско произвдство а пуштени во сообраќај 2015-та.  

Поради немање на доволно локомотиви и патнички гарнитури, од мај 2021 не сообраќаат возовите  од Скопје за Кочани и за Кичево, а од почетокот на 2023 ниту возот за Табановце и Куманово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати