Премиерно изведена ,,Дома,, на драмското студио од Гимназијата

Петар Печков

Премиерно изведена претставата ,,Дома,,  на авторка  Људмила Разумовскаја, адаптирана и во режијата на  актерката  Слободанка Чичевска.

На сцената со предизвикот на актерскиот „занает“  се соочија ученици: Марија Баркова, Сања Мирчевска, Никола Ризовски, Филип Христовски, Кристијан Јорданов,  Стефан Николовски, Кире Ацевски,  Петар Андреев, Зорица Зикова, Емилија Мурџева. Марија, Панзова како инспициент, светло и тон мајстор Антонио Зографски.Техничката обработка  Дино Јанакиев.

Учениците работеа во соработка со наставниците по македонски јазик и литература: Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Соња Карбева.

Претставата е сурова, но вистинита приказна, за судбината на група млади луѓе кои во виорот на општествените и социјалните превирања во Русија остануваат без своите родители и без своите домови. Препуштени на суровата и студена безмилосност на улицата  тие копнеат по својот дом.

Прославата на патронатот беше можност да се промовира химната на Гимназијата. На текст на Рациновата песна „Копачите“, музика и аранжман изработија професорите по музичка уметност Стојанче Иванов и Ване Казамбасов. Химната промотивно ја исполни хорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ кој настапи и со композицијата „Како Вардар ќе дотечам“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати