Почина млад велешаенц градежник, работел во индустриската зона Петровец

Петар Печков

Младо момче од Велес Ердоган Асанов на 23 години вчера починал на лице место откако врз него паднл метален предмет. Деталите од инфорамцијата на СВР Велес. 

„На 19 февруари во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец,  при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23 год) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот“ – соопштија од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор.

Истрагата теба да ги откреие причините за несреќата и евентиуачната одгворност за смртта. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати