Порази за ракометарите на РК Фруитленд и кошаркарите на КК Борец

Петар Печков

Ракометарите на РК Фруитленд загубија во Куманово од истоимениот состав во разигрувањето за опстанок во Супер лигата.  Поразени се во петтото коло со 28:25 (14:13). Со 4 бода велешани се во групата од три екипи, кои ќе одлучуваат кој ќе излезе, кој ќе мигра бараж за опстанок, а кој ќе опстане. Во оваа група се РК Струга и РК Радовиш. Во следното коло на 4 мај, играат дома со РК Прилеп кој е второпласиран.

Кошаркарите на КК Борец баскет по две седмици пауза во првенството, ги продолжија натпреврите со пораз. Во Охрид загубија од истоимениот им со  74:69 (38:34) и паднаа на 6-то место. Ова беше натпревар од претпоследното 21 коло на Втората лига. Во следното последно коло играат дома со составот на КК Маџари кој е второпласиран.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати