Петар Печков
Објавено: петок, 17 јули 2026
Од почетокот на месецов, јули воведена е целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие Македонски шуми. Забраната е воведена поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.
Целосната забрана за движење во шума стапи на сила од 1-ви јули и ќе трае до 31 август. Движењето е дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП Национални шуми за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.
Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за припадниците на :
Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални шуми, субјектите што вршат шумскостопански активности, шумски работи и заштита на шумите, и лица коишто имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈП Национални шуми - Скопје.
За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР.
За движење низ парк шумите и Националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти кои управуваат со овие територии.
