Петар Печков
Објавено: четврток, 24 септември 2026
Попладнево избувнал пожар помеѓу селата Раштани и Превалец, каде горела ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи. Според нив пожарот до 18ч. беше активен. Велешките пожарникари соошптија околу 20ч. дека пожарот е локализран.
„На ден 24 сепетмври во 15:55 примена е дојава за пожар позади плацот на МАРО ТУРС Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 противпожарни возила и 6 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место почнато е со гасење на пожарот. Од лице место побарано е дотур на вода со 1 пп возило и 1 пожарникар спасител. Благодарение на пожртвуваноста на нашите колеги и брзата интервенција на луѓето кои живеат во околните куќи пожарот е изгаснат“ – соопштија од ТППЕ Велес.
