Дванаесет години затвор за сообраќајката кај тунелот Катланово, со тројца починати работници

Петар Печков

Oбвинетиот за сообраќајката кај Катланово, во која загинаа тројца работници а исто толку беа тешко повредени е прогласен виновен во Основен суд Велес. Петчлениот  кривечен  совет со судиите Ангел Трипчев и Емина Калач, на возачот Орце Димитриевски  му изрече затворска казна од 12 години, како и една година забрана за управување со возило по правосилноста на пресудата. Мерките на претпазливост кон обвинетиот остануваат. 

Тој  беше осуден за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 ст.2 в.в со  член 297 ст.1 од Кривичниот законик и дека делото го сторил со умисла.  Димитриевски  управувал возило „форд транзит“ со скопски регистарски таблички со кое ги превезувал работниците од работа до дома во Велес.  

Сообраќајката се случи на 16 октомври 2024 година во 17,35ч., на автопатот  Скопје – Велес, кај тунелот кај Катланово.  Според пресудата управувајќи  со возилото, Димитриевски не се придржувал на сообраќајните прописи и го загрозил јавниот сообраќај, при што направил пропусти, возел со брзина од околу 104 км/4ч иако определената  брзина била 70 км/ч. Исто така возилото го управувал под дејство на психотропни супстанци при што изгубил контрола на возилото.  Со анализа на  крвта и урината е утврдено присуство на овие средства во организмот на обвинетиот, во урината.  

Димитриевски не призна вина, не се чувстуваше за виновен за тоа како е опишано дејствието во обвинителниот акт.  Во завршен збор изрази жалење со надополнување дека и самиот доживеал тешка повреда во сообраќајката.  Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати