Три години затвор за физичкото лице и 1,5 милион денари казна за правното лице, за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет

Петар Печков

Обвинетиот Рифат Беровиќ и фирмата ДТТУ Беровиќ транспорт се пригласени за виновни за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет Благоја Страчковски во Велес.

Судијата Ангел Трипчев, од Основен суд Велес ја соопшти висината на изречената казна, три години затвор за Беровиќ и 1,5 милиони денари казна за правното лице. Одлуката  е првостепена и странките имаат право на жалба. Рифат Беровиќ (39 год) како физичко лице  беше обвинет за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“ а правното лице ДТТУ Беровиќ транспорт со одговорно лице Елвид Сарачевиќ  за „Предизвикување опасност при градежни работи“.

Според обвинението, изведувачите како градежна фирма, лиценцирана за таа работа, знаеле дека пред да почнат со ископ на градежна јама, треба да имаат соодветен проект за заштита на градежната јама, заштита на соседни објекти, и дека во работа треба претходно да биде воведен надзорот, што не го сториле. Не биле преземени соодветни мерки за обезбедување на соседите и земјишето. Работеле без проект за заштита на градежна јама, започнале со нејзин  широк ископ веднаш до темелите на зградата на работничкиот универзитет.   Како последица на ова на критичниот ден, 17 јуни 2022 година, се срушил дел од зградата, кој е лоциран до градежната јама. 

„При ископ на градежна јама,  обвинетите постапиле спротивно на прописите за градење, немале проект за ископ на градежна јама“ – кажа обвинителката Анастасија Миланова.

Обвинетиот Рифат Беровиќ кажа дека работеле само неколку дена а потоа со работа продолжила друга фирма, во период кога се сруши зградата.

„Со работа започнавме на 29 мај а завршивме на 2 јуни 2022 година. При ископот во горна зона, до зградата на Работнички универзитет имавме оставено горе еден метар долу метари пол широчина земја, не копавме до објектот. Не работевме ние кога зградата падна“ – кажа Беровиќ.  

Павлина Зефиќ Јакимовска адвокатка на обвиентиот Беровиќ со одбрана дека друга фирма работела во периодот кога се срушила зградата.

„Кога ја напушиле локацијата, кога ја завршиле нивната обврска, имало оставено простор кој не бил ископан до зградата која паднала две седмици подоцна, кога друга фирма работела таму и копала“- вели Зефиќ Јакимовска во одбрана на нејзиниот клиент. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати