Пожар во Горно Јаболчише изгоре куќа, штала, возило

Петар Печков

Неделата напладне голем пожар во Горно Јаболчиште, во кој има изгорено куќа, штала, возило.  Регистрирана е голема материјлана штета, добрата вест е што нема повредени.  

„На 14 април  околу 12.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Јаболчиште, општина Чашка, настанал пожар во плевна -штала, сопственост на К.Л.(42 год), при што изгореле бали со сено и сточна храна. Од пожарот била оштетено и негово возило, бандера со електрични кабли, сопственост на ЕВН, како и куќата сопственост на С.Д.“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

 Од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

„На ден 14 април  во 12:45 примена е дојава за запалена плевна во Горно Јаболчиште. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 против пожарно  возило и тројцапожарникари спасители. По пристигнување на лице место констатирано е голема матријална штета. Со брзото пристигнување и брзата интервенција спречено е пожарот да направи поголема штета во куќите кои се наоѓаа околу запалената плевна“ – соопшштија од ТППЕ Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за несреќата.

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати