Подготвување јуфки, семејна традиција

Петар Печков

Велешанката Валентина Ристовска секое лето има дополнителна обврска, да подготви јуфки и тарана за дел од  велешките семејства.  Таа повеќе години во овој период од годината сука јуфки по порачка.  50 годишната Ристоска која е по занимање медицинска сестра,  ја продолжува семејната традиција на подготовка на  кори кои во зимниот период се  неизбежен дел од трпезата..

Ова е мое хоби во летниот период. Се трудам да  помогнам  на некои кои од различни причини не можат да подготват јуфки, тарана. Ова е стара традиција кај нас, во моето семејство и од мајка и од свекрва, и се трудам да ја одржам – објаснува Валентина.

Таа започнува да сука јуфки од јули месец па се додека времето одговара во септември, може и подоцна ако е сончево и топло.   Јули бил најдобар за работа, тогаш  немало врнежи, ветрови, кои се најважни производот  добро за да се исуши.  

Ги сукам на најстар начин, како  што ги правеле нашите баби, прабаби, ги работам рачно со сукало и потребно е сонце за да се исушат и да  се користат. Подготовката ја  научив од моите баба, мајка, свекрва Нема нешто посебно, потребно е јајца, брашно, млеко и желба за работа. Кога е  готова, кога е сува  кората треба да испука, неколку дена потоа пак да се исуши, зависи од надворешната температура – додава Ристовска.

Таа се гордее со нејзините сукала кој се стари и повеќе од 6-7 децении. Тие за да се исукаат јуфките треба да се тенки, а јајцата пресни, не стоени. Вели дека има голем интерес кај велешани за ова традиционално јадење, старо можеби и со векови. Доаѓаат луѓе кои со години ги користат нејзините производи, но и млади мајки.

Јуфката, тараната се подготвуваат брзо, може да се јадат за секој оброк, појадок, вечера, ручек. Посебно се добри за малите деца, кои не можат да џвакаат. Јас не им давам рецепти,секој на свој начин го јаде,  обично се варени, со додаток сирење, кашкавал, кечап. Јуфката  може во додаток со тарана заедно да се јадат – вели Ристовска.

Според неа кај велешани има голем интерес за јуфките, помалку за тараната.  Верува дека тие нема да исчезнат, пред  налетот на новата брза храна. Важно е јуфките и тараната да се чуваат на суво и темно место, во платнени вреќи. Тие што ја користеле, ја пробале не се откажуваат.

Во текот на еден ден можам да исукам до 30 кори или една доза на тарана. Се работам рачно, нема машина, се е на старински начин.  Потрошувачите не се  пребирливи, знаат што добиваат, бидејќи со години се муштерии. Има интерес кај велешани. Проверено е, знаат што изработувам,  веруваат во мојата  работа, доаѓаат со години, бидејќи ме знаат дека работам. За едно четири члено семејство потребни се 30 кори, има што јадат повеќе, тие двојно порачуваат – додава Валентина.

Таа потекнува од пекарско семејство, татко и Лазо Смилев цел работен век го минал  печејќи леб, кифли, пити пастрамајлии.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати