Повторно низ Велес мина Ориент експрес (видео)

Петар Печков

По три години, повторно низ Велес помина ексклузивниот патнички воз ВЕНЕЦИЈА- ИСТАНБУЛ-ВЕНЦИЈА.

Овој пат тој во текот на ноќта замина за Битола, од каде гостите со автобус беа во Охрид. По престојот во туристичкиот центар на Македонија, се вратија пак со автобус за Битола и во вечерните часови мина низ Велес. 

Се состоеше од 14 патнички коли, вагони за спиење, вагони за јадење. Беше така долг, што перонот број 3, го исполни  по целата должина.На железничка станица Велес се задржа пет минути. Го влечеа две локомотиви, Кенеди, напред и на крај од композицијата.    

Во возот имало 50-тина патници од Бразил. Со нив била и екипа на CCN Бразил, која снимала репортажа за Охрид и Скопје, каде беше три дена. Еден ден туристите  престојуваа и во Косово. 

И за цените. Во кабина за двајца  за 12 дена - 17.595 евра а за сам 26.195 евра. Еве како изгледа внатрешноста и на возот и на кабините. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати