Пожарникари спасувале девојчиња заглавени во лифт, гаснеле пожар од запалено ѓубре, викенд билтен

Петар Печков

Во петокот, велешките пожарникари интервенирале во случај кога девојчиња, се заглавиле во лифт во центарот на градот.

„На ден 3 октомври  во 9:30 часот примена е дојава за заглавени девојчиња во лифт во бутик Синсај, во центарот на градот. Територијалната Противпожарна Единица Велес излезе на лице место со едно  противпожарно возило и три  пожарникари-спасители. По пристигнување, екипата пристапи кон отворање на вратата од лифтот. Благодарение на брзото пристигнување и навремената интервенција, девојчињата беа успешно ослободени од заглавениот лифт, без повредени лица“ – соопштија од ТППЕ Велес.
 
Во неделата интервенција, по пријава за запалена куќа, но било само запалена трева.

„На ден 5 октомври  во 16:45 часот, примена е дојава за запалена куќа на ул. Богдан Каракостев во Велес. Територијалната противпожарна единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и четворица пожарникари-спасители. По пристигнување на лице место, констатирано е дека станува збор за запалено ѓубре. Поради тесните улици и непристапниот терен, екипата беше приморана да гаси со црева поврзани од соседните куќи“ – дополнија од ТППЕ Велес.
 
Огнот бил изгаснат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати