Петар Печков
Објавено: недела, 12 октомври 2025
Подготвувана седум часа, големата пита на Велешката Питијада беше поделена и изедена за 15-тина минути. Од година во година димензиите на пастрмајлијата постојано се поголеми и поголеми. Годинава се 4м 30 цм со што е за десет повеќе од лани, широка 1,10м. Ја подготвија седум мајстори од фурната Гемиџии.
„При подготвката која траеше седум часа, употребивме 16кг брашно од кое добивме 26 кг тесто, 350 јајца, 42 кг месо. Се додека можеме ќе ја подготвуваме питата во се поголеми димензии“ – кажа Александар Јамалов, сопственик на фурната Гемиџии, која го години ја подготвува питата.
Од нејзината продажба, која беше хуманитарна волонтерите на Црвен крст Велес собраа 12 илјади денари. Истите ќе се искористат за седмица за борбата против гладот, која започнува од утре.
Од нејзината продажба, која беше хуманитарна волонтерите на Црвен крст Велес собраа 12.053 илјади денари.Тоа е помалку од лани, кога беа собрани 16 илјади денари. Истите ќе се искористат за седмица за борбата против гладот, која започнува од утре, понедленик.