Победи за ФК Превалец, ФК Борец и ФК Тополка на стартот од Третат лига Југ

Петар Печков

Победи за екипите од ОФС Велес на стартот од Третата лига Југ. Започна пролетниот дел на првенството.

Лидерот ФК Превалец победи во Прилеп над ФК Млекар, кој е деветто пласиран со 1:3. ФК Борец кој го дели првото место славеше дома над третопласираниот ФК Росоман, ова требаше да биде дерби со 6:1 и со оваа висока победа ја зголеми гол разликата и се приближи на таа од ФК Превалец, Двете кипи имаат по 34 бода, ФК Превалец има +43 а ФК Борец +40.  Висока победа и за ФК Тополка кој дома во Превалец победи со 8:1 на ФК Влазними јуниор од крушевско Пресил и екипа која е на 10-тата позиција со 13 бода. ФК Тополка останува 12 но со 11 бода. ФК Башкими ова коло беше слободен и е 11-ти на табелата со 12 бода. 

Дури четворица првотимци од лидерот ФК Превалец го напуштија клубот и заминаа во конкурентскиот ФК Тополка. 

Во следното 14 коло, ФК Превалец повторно гостува овој пат во Крушево кај ФК Питу Гули со кого есеноска одиграа реми дома 2:2 а сега е на 6-тото место и натпревар со големо искушение за лидерот. ФК Борец гостува кај нископласираниот ФК Влазними јуниор во крушевски Пресил, а ФК Тополка игра повторно дома, овој пат со ФК Млекар до Прилеп. ФК Башкими во прилепско Кривогаштани гостува на ФК Младост која е 8-мо пласирана со 15 бода.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати