Победа за почеток на одбојкарската Прва А лига, за ГОК Борец

Петар Печков

Победа за одбојкарите на ГОК Борец на стартот од Првата одбојкрaска лига група А, во која се шестте побeдници од баражот. Прва жртва на велешани беше составот на ОК Сушево – струмичко со максимални 3:0 (8:20;16). Одбојкaрите на ОК Борец без мака стигаа до првите три бода на домашен терен. Во следното коло дерби, ОК Борец гостува кај ОК УГД Штип.

Кошаркарите на КК Борец баскет загубија убедливо во Скопје од КК Феникс во Првата лига група А со   108:76 (46:32). Тоа беше натпревар во кој играа двете непоразни екипи по две кола во оваа конкуренција. КК Борец басект во следното коло игра со составот на ИБА Скопје. 

Пораз за одбојкaрките на ОК Борец дома со 1:3 од составот на ланскиот прволигаш ОК Ускана од Кичево. Ова беше второ коло од Втората лига -жени.  Во третото коло ОК Борец гостува на екипата на ОК Јанта волеј бут. 

Футсал екипата на КМФ Кеги моби натпреварот од третото коло на Првата лига го игра понеделник од 19ч. против составот на ОК Јувентус Серва во салата на ОУ Блаже Конески.

Познати се паровите од завршницата на првенството на одбојкарите ветерани. Во Прилеп се одигра последното коло, кога велешани беа слобoдни. Постигнати се очекуваните резултати, па табелата останува без промени. Така на 1 ноември во Тетово, како град домаќин на првопласираната екипа во случајот ОК Шкендија, ќе играат ОК Борец и ОК СКопје а во второто полуфинале ОК Шкендија и ОК 11 Октомври од Прилеп. Подоцна ќе се игра финалето и за 3-то место. Во досегашните две првенства победници беа одбојкарите на ОК Борец ветерани. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати