Јуниорот Смилев победи на 57 издание на ИКАС

Петар Печков

Младиот велешанец Кристијан Смилев е победник на меѓународниот слалом натпревар ИКАС кој се веслаше на патеката Треска. Тој иако јуниор победи во  конкуренција на 36 учесници, меѓу нив кајакари од Словенија, Грција, Србија, БиХ  и еден од Канада Даниел Пери кој беше втор а трет беше исто така велешанец Стефан Рибарски. 

На слалом патеката после подолг период, поради повреда се врати Ангелче Петрушев кој го зазеде 5-тото место.  Ова беше 57 издание на една од најстарите спортски манифестации во Македонија, меѓународниот Илинденски кајак слалом – ИКАС. 

Во неделата пак се возеше слалом трка, која се бодува за светската ранг листа. Победи Ангелче Петрушев а во финалето веслаа 12 кајакари, во елиминациите 33. Ова е втора таква трка која се весла на патеакта Матка. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати