Нерешено на дербито во Неготино за ФК Борец, Трета лига Југ

Петар Печков

Реми за фудбалерите на ФК Борец во Неготино  на дербито со ФК Вардар 2:2 (1:2). Велешани на ова гостување пропуштија победа и радост иако имаа водство. По ова четврто коло тие се петти на табелата на Третата лига Југ.   

Победа за екипата на ФК Превалец дома со 3:0 (1:0) над екипата на ФК Млекар од Прилеп. Подмладенито состав на домаќинот ја забележа третата победа во оваа конкуренција за тертото место на табелата.

ФК Башкими од Горно Јаболчиште никако да победи, забележа второ реми без голови последователно. Овој пат против ФК Венец од неготински Долни дисан, како и пред седум дена 0:0.  Со два бода се на 10-тото место од 14 екипи.

Bo следното коло, петто по ред ФК Борец го пречекува ФК Росоман, ФК Превалец гостува кај крушевски ФК Бучим,  а ФК Башкими од Горно Јаболчиште гостува во Прилеп на ФК Ултрас. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати