Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 септември 2025
Победа за ФК Борец, реми за ФК Превалец и ФК Тополка, противникот на ФК Башкими го напушти теренот откако прими половина дузина голови. Ова се резултатите на претставниците на ОФС Велес во Третаа фудбалска лига Југ.
На теренот во населба Чашка, ФК Башкими од Горно Јаболчиште при водство до 6:0, гостите ФК Младост од прилепско Кривогаштани во 38 минута го напуштиле теренот. ФК Борец дома победи со 4:0 против екипата на ФК Влазними јуниор од крушевско Пресил. ФК Превалец водел 2:0 до 75 минута, гостите од Крушево дале два гола па ФК Питу Гули се врати дома непоразен. ФК Тополка исто така се враќа непоразена од Мало Коњаре –прилепско, каде одигра 1:1 со ФК Млекар.
Во следното трето коло, првото локално дерби ФК Тополка – ФК Борец во Превалец, ФК Башкими игра со ФК Бучин во истоименото крушевско село. ФК Превалец е слободен откако ФК Слога од прилепско Лажани се откажа од натпреварувањето пред почетокот на првенството.
Се одиграа две кола од Втората женска фудбалска лига. Велешанки забележаа два порази. Вчера во недела на градски, загубија со 0:2 од екипата на ФК Слободен од Скопје а во првото беа поразени од ФК Билјанини извори во Охрид со 0:8. Во третото коло велешанки играат со ФК Конзули јунајтед во Битола.