Петар Печков
Објавено: петок, 26 септември 2025
Новото одбојкарско превенство во сезоната 2025/26 започнува на 25 октомври. Во Првата машка лига ќе се натпреваруваат 12 екипи, меѓу нив и ОК Борец. Прволигашите во есенскиот дел ќе одиграат 11 натпревари по еднокружен бод систем. По завршувањето на првиот дел првите шест пласирани екипи играат во плеј-оф пренесувајќи ги бодовите од првиот дел. Се игра двокружно „секој со секого“ и потоа првите четири екипи обезбедуваат пласман во полуфиналето на плеј-офот и ќе разигруваат за битка за шампионската титула. Во првото коло ОК Борец мажи го пречекува тимот на ОК Лирија. Минатата сезона велешани играа во полуфианелто и на разигрувањето за титулата првак и во Куп натпреварите.
По 13 години во лигашка конкуренција се враќа женската екипа на ОК Борец. Тие ќе играат во Втора лига, во конкурнција на 13 екипи. Пропозициите за Втората лига – жени велат дека екипите играат двокружен бод систем , 26. кола, 24 натпревари- дома – гости, по чие завршување првопласираната екипа обезбедува директен пласман во Првата лига – жени во сезоната 2026/27. Второпласираниот тим игра бараж натпревар со деветтопласираната екипа од Прва лига – жени за влез во поквалитетното друштво. Во првото коло ОК Борец жени игра со ОК Македонија макс од Струмица.