Победа за ОК Борец над ОК Струмица во дербито, но се намачија за бодовите

Петар Печков

Одбојкарите на Борец победија во дербито со ОК Струмица, на домашен терен со 3:0, но по сетови беше тесно 22,20,23. Велешани се мачеа да стигнат до победат против младинската екипа од Струмица, која среде првенство во целост изврши ремонт на составот. Но и со таков состав беше жилав противник а момче од 15 години нерешлива загатка за домаќинот. Победа и подовите останаа дома, резултатот се помни играте не. Ова беше дерби на петтото коло, играа второ пласираниот и трето пласираниот состав. Со оваа победа ОК Борец  сега има бодовна предност  од три бода над синоќешниот ривал. Во следното шесто коло,  играат дома со ОК Работнички, кого го совладаа во првото коло во гости во Скопје.

Се одигра и  1/8  во Куп натпреварите од футсал. Велешани славеа во Скопје во Чаир,  КМФ Шкупи – КМФ Кеги моби 3:4 (0:2). Со оваа победа тие се пласираа во четвртфиналето со надежи за пласман во финалето, за што во големо значење ќе има ждрепката.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати