Петмина ново заразени со ковид-19 во велешко

Петар Печков

Центарот за јавно здравје од Велес објави дека во текот на вчерашниот дена во велешко има петмина ново заразени со корна вирус.  Денес нема оздравени, иако се чека втор негативен резултат за повеќе лица.

Четири лица се од Велес, еден е од СВР Велес заразен од кругот на семејството.  Тројцата други  се од едно семејство, се исто така заразени од член на семејството, биле со симптоми ги чекале резултатите.  Лицето од Горно Јаболчиште беше сместено на Инфективно одделение и чекаше резултати  - изјавија од Центарот за јавно здравје.    

Досега во велешко заразени се 178 лица, излекувани се 131, активни се 31 и 12 починати.  Од активните 22 се на домашно лекување, 10 на Инфективно одделение и за едно лице се чекаат резултати,  две лица се на Инфективна клиника во Скопје и еден во приватна клиника во Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати