Одредена локацијата на мостот кој ќе го поврзува Речани со Велес

Петар Печков

Позната е локација каде ќе се гради мостот кој ќе ги поврзе Речани и Велес. На прес конференција градоначалникот Коцевски објави дека местото e каде се наоѓа управата на ЈВП Лисиче од  десната страна на реката Вардар и спротивно во Речани.

Ова локација ја посочила фирмата која работела на пронаоѓање на адекватно решение.  Жителите на Речани имаат проблем како најблиску и најкратко,  да стигнат до Велес, оти за да стигнат мораат да патуваат преку мостот на Башино село или прели мостот Гемиџии, ако се со автомобил а пеш преку Железен мост. 

Најдовме соодветна траса и ја дефиниравме локацијата на мостот кој треба да ја поврзе населба Речани со Велес.  Фирмата која работеше на тендерот, работеше на лице место и врз основа  на геодетските мерења, направените консултации,  локацијата е дефинитивна. Во наредниот период не очекува изработка на техничка документација, за да бараме средства за мостот кој ќе ги спојува Речани и Велес - кажа Коцевски.

Во наредниот период  ќе треба да се изврши и откуп на земјиште, каде ќе се гради патот, кој ќе го поврзува мостот со населбата и улицата Пенчо Давчев. Дел од жителите не се согласуваат со изградба на пат низ  Речани, оти ќе се загадувала животната средина од издувните гасови на возилата кои треба таму да минат. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати