Одбојкарките на ОК Борец со победа завршија на 4-тото место од Втората лига

Петар Печков

Co победа одбојкарките на ОК Борец ја завршија натпреварувачка 2025/25 година. Во последното 26 коло од Втората лига со победа од 3:1 велешанки се четврти на табелата. Успех за младата велешка екипа, која по повеќе години се враќа во натпреварувачки систем. Вториот учесник во истото натпреварување, ОК Виола волеј, загуби со максимални 0:3 од лидерот  ОК Фламинго волеј новиот прволигаш, како првак на Втора лига. Средбата се играше по договор на двете екипи во Скопје, наместо во Велес.  ОК Виола волеј  се пласираше на 11 место од 12 екипи. Со ова 26 коло, завршија натпреварите во Втората лига. Годинава во оваа конкуренција имаше две екипи од Велес.

Кошаркарите на КК Борец го играа првиот натпревар за влeз во Супер лигата. Гостуваа во Струмица каде се поразени од домаќинот 77:65 (38:27).  Втората од трите средби се игра во Велес во салата Гемиџии, среда од 19ч. 

фото ФБ ОК Борец жени

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати