Обвинение за сообраќајката кај кавадаречко Рибарци, во која почина велешанец

Петар Печков

OJO Кавадарци до Основен суд Кавадарци, поднесе обвинение за сообраќајката која се случи 5 номеври, лани, во близина на селото Рибарци. Поднесен е  обвинителен предлог за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Обвинета е 19 годишна девојка В.З. од Градско, која како возач управувала патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки. Таа  во 8,50 ч. удрила во возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46 год) од Велес, од здобиените повреди на местото починал Марјан Петровски (40 год) од Велес, сопатник во товарното возило. Имаше и уште еден тешко повредено лице, Б.Ј. (47 год) возачот на возилото, исто така велешанец. Сопатничката на обвинететата, 18 годишна девојка   имаше скршеници, тешки телесни повреди.  Во тек е закажување на судско рочиште.  

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати