ОК Борец ветерани по трет пат шампиони во лигата на ОФМ

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец ветерани се победници на државната лига во одбојка. Тие попладнево во Тетово во финалето го совладаа домаќинот ОК Шкендија со 2:1 (25:15, 12:25 15:11). Возбудлив и интересен натпревар, а победникот се реши во тај брејк во изедначена борба на двете екипи. Така велешани по трет пат, во трета година како се одржува ова лига, дел од натпреврувачкиот систем на Одбојкарската федерација, ја освоија титулата, како и претходните две години. Со ова им се реваншираа на тетовци за поразот во првенството во 6-тото коло од 1:2. Во полуфиналето без проблеми ОК Борец ветерани го победија тимот на ОК Скопје со 2:0.(15, 15). Со овој резулат покажаа дека се најорганизрани и најдобар клуб во земјава, во конкуренција на ветерани. Таа е единствена лига, во одбојка каде се натпревруват поранецшни играчи над 35 години возраст и да не се активни одбојкари.

Но сезоната за клубот не завршува, имаат покана за учество на турнир на ветерани во Суботица, Војводина на 12 декември.

финалниот натпревар може да се гледа во ова видео 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати