Нов стоматолошки стол во службата за превентивни стоматолошки услуги кај децата од предшколска возаст

Петар Печков

Службата за превентивни стоматолошки услуги кај децата од предшколска возаст, при ЈЗУ Здравствен дом Велес,  од неодамна доби нов стоматолошки стол. Истиот е набавен од сопстени средства на установата.

„Набавена е нова стоматолошка столица, која споредена со претходната е пофукционална, пософистицирана, има повеќе и поквалитени можности. И децата при нашите интервенции ќе се чувстуваат попријатно“ – кажа д-р Анита Солева стоматолог во оваа служба.

Службата за превентивни стоматолошки услуги кај децата од предшколска возаст доаѓаат деца од предшколска возраст на систематски прегледи за забите, неопходни за упис во прво одделение.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати