Витална е улога на имунизацијата во спречувањето на болестите и заштитата на животот, за здравјето на секое дете

Петар Печков


Неделата на имунизација 27.04 - 03.05.2025, се одбележа и во Велес.  Екипа од ЈЗУ Здравствен дом од Службата за предшколска и школска возраст, ја одбележаа со делење на флаери, детски маички, едукација на граѓаните за потребата од вакцинирање на децата. 

Традиционално се одбележува  секоја последна седмица од април.  Нејзината цел е да ја подигне свеста за важноста на имунизацијата во спречувањето на болести и унапредувањето на здравјето.Европската недела на имунизација е  иницијатива на  Светската здравствена организација (СЗО).

„Ја истакнуваме важноста на вакцинација на децата,  придобивктие од вакциналниот просец. Да покажеем дека вакцините се безбедни, може да им се верува,и дека децата треба редовно да се носат кај нас во Службата. “ – кажа д-р Марина Тодоровска, педијатар во службата за предшколска возраст.

Подигањето на свеста за виталната улога што ја игра имунизацијата во спречувањето на болести и заштитата на животот е одлучувачко за здравјето на секое дете.  

Вакцините претставуваат едно од најголемите достигнувања во историјата на медицината и во јавното здравство, a вакцинацијата е една од најисплатливите здравствени инвестиции. Достапни се повеќе од 30 различни вакцини кои може да спречат повеќе од 30 опасни по живот болести и инфекции, помагајќи им на луѓето од сите возрасти да живеат подолг и поздрав живот.

Клучните причини зошто вакцинацијата е важна, спречува болести, здравствено ја штити заедницита, ги искоренува болестите,  ги намалува трошоците за здравствена заштита, спречува епидемии.

Вакцинацијата е основа на современото јавно здравје и не само што ги штити поединците, туку и ги зајакнува заедниците, спречува повторно појавување на болести и обезбедува поздрава иднина за сите.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати