Започна пролетната дератизација во велешко, треба да се опфатат 15 хектари јавни површини

Петар Печков

На територијата на градот Велес започна пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти, кои се во надлежност на локалната власт. Неа ја врши компанија од Кавадарци, избрана на јавен повик,  надзорот  е на стручни лица од Центарот за јавно здравје Велес.

„Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата во областа на здравствената  заштита за 2025 година.. Во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот, како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата Агриа”“ – соопштија од Општина Велес.

Од локалната власт потенцираат дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. За него има  одобрение од Министерство за здравство, за употреба во јавната хигиена и  не преставува опасност за останатиот животински свет.
Дератизација во велешко,  се врши два пати годишно, пролетно и есенски.  Истата е во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести, како мерка за заштита на населението од заразни болести.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати