Петар Печков
Објавено: вторник, 21 октомври 2025
Новата футсал сезона започнува претстојниот викенд. Велешкиот прволигаш КМФ Кеги Моби, кој има високи амбиции во новото првенство, стартува со гостување.
Игра на 24 октомври, петок кај новиот прволигаш КМФ Балкан во Чаир. Лигата брои 10 екипи.
Првиот натпревар дома, велешани го играат во второто коло против КМФ Осогово од Кочани, кој играше во финалето од Купот каде загуби од шампионот и освојувач на Купот, КМФ Форца.
КМФ Кеги моби најави неколку засилувања, со кој ќе се бори за самиот врв на футсал лигата.
фото ФБ КМФ Кеги моби