Неколку превентивни активности на полицијата за едукација на граѓаните

Петар Печков

На неколку локации во градот,  велешката полиција реализираше низа  едукативни активности, на различни теми. На градски пазар, на автопат кај Градско , по сообраќајниците низ градот, во населба Чашка.

 „На градскиот пазар активноста беше за заштита од имотни деликти. На граѓаните им беше посочено како да се заштитат од кражби. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица. Полициски службеници од ПК Градско спроведоа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“, со цел да им се укаже на возачите, но и сопатниците во возилата за користење сигурносен појас заради поголема безбедност. Се реализираше активноста на тема „Носи кацига“, наменета за лицата кои управуваат велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети.  Во општина Чашка беше реализирана превентивни активности со цел да се информираат возачите за ризикот што го преземаат доколку седнат зад волан под дејство на алкохол“ – соопштија од МВР.

Активности ги реализираа полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

фото МВР

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати