На 17 мај во Велес за прв пат крводарителска акција во православен храм

Петар Печков

Следната недела 17 мај за прв пат во Велес ќе се одржи крводарителска акција во православен храм. Најавена е за црквата С. Кирил и Методиј, а во чест на празникот на двајцата сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј, кој се одбележува на 24 мај. Терминот е од 9 до 14ч. во административните простории на црквата. 

„Го повикуваме верниот народ од градот Велес, како и од целата Повардарска епархија, заедно со свештенството, да земе учество на оваа крводарителска акција, која придонесува за спасување човечки животи и зајакнување на јавното здравје“  -пишува во објавата на ФБ од страна на  Повардарската епархија.

 фото  ФБ Св. Кирил и Методиј

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати