Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 август 2026
Во Градско се одржа летна крводарителска акција на која беа собрани 98 крвни единици. Од нив осум беа првократни, информираа од велешкиот Црвен крст.
„Крводарителите од Градско повторно ја докажаа нивната хуманост. Собраните крвни единици ќе се искористат за помош на болните низ државата. Голема благодарност до сите нив“ – кажа Орце Николов секретара на ОО на Црвен крст Велес.
Тие заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беа организатори на акцијата. Се одржа во Домот на културата Крсте Петков Мисирков.
Ова е втора од трите крводарителски акции кои се одржуваат во текот на годината во Градско. Во првата годинашна беа собрани 103. Лани во трите беа собрани 200 крвни единици.
Најава дека оваа седмица, четврок 20 август и недела 23 август ќе се одржат крводарителски акции, во Чашка по повод денот на Општината во салата на ОУ Тодор Јанев и големата летна која има традиција од 34 години а се одржува во Велес, овој пат во фоајето на велешки театар.
фото ОО Црвен крст Велес
