На влезот во Велес нацртан најголемиот мурал во земјава, Велес како урбан град од 21 век (фото)

Петар Печков

На влезот во Велес од правец на Штип деновиве се нацрта најголемиот мурал во земјава. Тој е на површина од 220 м2  во должина од 86 м и височина од 2,5 м. Муралот насловен  „Солидарност, мобилност, иднина“ и е дел од Фестивалот за современа уметност АКТО на здружението на граѓани „Факултет за работи кои не се учат“.  

Цртежот, кој  ги пречекува гостите во градот, од правец Исток,  се работеше пет дена, со спреј и фасадна боја.  Муралот е модернистичко решение со кое Велес се претставува како урбан град од 21 век.

Муралот е  изработен од повеќе слики, преку кои се прикажани солидарноста, заедништвото како градот се модернизира.   Не можев да не ја претставам поблиската историја, борбата за здрава животна средина, борбата против Топилницата,  протестите на велешани. Централниот дел е мое доживување на темата - рече Давор Кешкец идејниот автор на муралот. 

Ова е седми мурал нацртан по голите ѕидови на Велес, шест се на Стрип центарот. Има мотиви на Коста Солев, Гемиџиите, Крале Марко и од филмот „Точно на пладне“. 

Негово дело е муралот во ГТЦ во подрумскиот дел кај автобуската постојка и бетонските постаменти на булевар  „Партизанска“. Симболично најголемиот мурал во земјава се наоѓа во подножјето на Спомен Костурницата, каде е најголемиот мозаик во Македонија.  

Иницијативата за исцртување на мурали на јавни простори има за цел на креативен начин да  зборува за одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници кон градење на едно праведно општество.  Фестивалот АКТО во време на пандемијата на корона го окупира јавниот простор и адресира пораки кои треба да мобилизираат и еманципираат во насока која ќе пркоси на националистичките и авторитарни тенденции кои се уште постојат и кои го спречуваат развојот на општеството, ги загрозуваат правата и слободите на граѓаните - вели Филип Јовановски од продукцијата која ги работи муралите.

Во цртањето на муралот освен Кешкец, учествуваа и Стефан Младеновски, дипломиран графичар на факултетот за ликовни уметности  при УКИМ и член на ДЛУМ,  Ангела Банчотова, дипломиран архитект и  велешанецот Тоше Пешовски, скулптор, студент на факултетот за ликовни уметности при УКИМ.

Со проект финансиран од ЕУ  мурали се нацртани или се цртаат седум македонски градови,  во Битола, скопската населба Ченто, Гевгелија, Штип, Кочани, Гевгелија и  Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати