Локализиран пожар кај село Ногевци кој зафати борова шума

Петар Печков

Големиот пожар кој зафати борова шума во близината на село Ногаевци доцна синоќа е локализиран. Информацијата ја објавија од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и велешките пожарниакри.  

„Саботата на   5 септмеври  година, во 13:25 часот, примена е дојава за запалена борова шума кај село Ногаевци. Територијална противпожарна единица Велес излезе на лице место со две противпожарни возила и шест  пожарникари-спасители. По пристигнувањето на лице место, поради сериозноста и брзото ширење на пожарот, од страна на единицата беше побарана дополнителна помош, при што се приклучија уште две  ПП возила и шест пожарникари-спасители.  По неколкучасовна борба со пламените јазици, пожарот е целосно изгаснат, со што е спречено негово понатамошно ширење“ – соопштија од ТППЕ Велес.

Во акцијата за гасење на големиот шумски пожар се вклучила и Дирекцијата за заштита и спасување со два ЕР трактори и два огнени тимови со два „Пинцгауери“.

ТППЕ Велес упатува голема благодарност до Љубе Митковски, кој со својот трактор активно помогнал во акцијата, правејќи ПП-пресеци за запирање на огнената стихија. Горела и сува трева и нискостеблеста вегетација. 

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов со пофалби за решителноста и храброста на велешките пожарникари кои смело влегле во шумата да го локализираат пожарот, во што успеале.

фото Дирекција за заштита и спасување

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати