Лани низ градот заловени и здравствено третирани се 108 бездомни кучиња, осум еутанизирани поради болест

Петар Печков

Во текот на минатата 2020-та година заловени се сто и осум  бездомни кучиња  од повеќе локации во Велес. Од нив поради лошата здравствена состојба  усмртени се  осум кучиња. Уловувањето е извршено во пет наврати,  на различни локации од градот. 

Ова го пишува во годишниот извештај на пансионот Гиовски тим,  со кој локалната  власт има потпишано договор за  заловување, стручен третман и грижа на  кучињата скитници, како и на нерегистрираните  кучиња на територијата на Општина  Велес.

Кучињата се еутанизирани  поради болеста парвовироза, во последен стадиум и  кучињата не можеа да се спасат.  Парвовирозата не е пренослива на луѓе опасна е за млади невакцинирани кучиња обично после хируршка интервенција им паѓа имунитетот и тогаш најлесно заболуваат. Сите кучиња  се третирани се од екто и ендо паразити, маркирани  се со ушна маркичка  и микрочипирани. Повеќето кучиња беа негативни на болеста лајшманиоза. Со зголемување на дневните температури се појави и болеста ерлихиоза од која заболените кучиња беа  излечени а  се пренесува преку убод од крлеж.  Кучињата беа вакцинирани и против беснило.  Дел од бездомните кучиња  се лечени од болеста ерлихија. Заради ковид состојбата,  работата со заловување и хуман третман се одвиваше побавно од очекуваното, ветеринарите беа позитивни на вирусот а исто така и дел од тимот што работи на проектот беше во изолација - пишува во годишниот извештај на  пансионот Гиовски тим

Изминатата година бездомните кучиња биле заловени на подрачјето на фонтана Авона, Гимназија, Кочо Рацин, Младински парк, центарот на градот,  железничка станица, околу фабриката Брако, Градски пазар, ул.,,Коле Цветков", автобуска станица, Којник, Општа Болница,  ОУ „Блаже Коневски", Пошта, Ликовен салон, комплекс УЗУС, Градски парк, населба Тунел.  

Законот за хуман третман на кучињата  обврзува, тие да се  чуваат во Пансионот максимално    28 дена, потоа мора да   се  вратат на улиците, освен тие што болни и насилни кои  можат да  се еутинизираат.

Во 2020 година од улиците на градот Велес вработениот  во стационарот Виктор Мазнев преку неговото здружение има вдомено 120 кучиња во Англија, Франција и Холандија.

фото архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати