Како поддршка за Вардарската регата како туристичка атракција министерот Љутков заплови по Вардар (фото видео)

Петар Печков

Министерот за туризам и култура Зоран Љутков заплови со Вардарската регата, нема да патува до Солун, каде е крајната цел на петдневното пловење, туку до Градско. Тој како велешанец со неговите другари од младоста се пушти по Вардар заедно со уште 60-тина други учесници. Љутков претходно и како претседател на Советот на Општина Велес има учествувано на регатата. 

„Регатата имаше падови и подигнување, се надеваме дека по овие 2-3 години откако стана меѓународна, нема да има проблеми кои се јавувале во минатото. Оваа туристичка атракција како Министерство за прв пат ја поддржуваме, така не е само културно спортска, туку е туристичко доживување “ – кажа Љутков.

„Оваа регата е аманет од миантото за идните генерации, да ги помнат Гемиџиите и нивното дело. Задоволство е да се плови по Вардар. Нека споменот трае долго“ – рече градоначалникот Марко Колев. И тој традиционално беше дел од пловењето по Вардр првито ден од регатата. 

На неа освен од Македонија има учесници од Ниш Србија и Тузла и Брчко од  Босна и Херцеговина, кои се рафтери.  Тие сакаат да почувствуваат како е да се плови по мирна река а не како што се учени по брзаци. Има и еден учесник од САД од Мировниот корпус. 

„Колегите од БиХ го повлекоа терминот за да може да дојдат гости на нашата регата. За нив е интересно, тие се рафтери, но сакаат да видат какво е ова спартанско веслање, оти овде нема адреналинско веслање. Може да се рече дека адреналинското во нашиот случај е долгото веслање. Сакаат да проверат како тоа 280 км се весла за пет дена“- кажа Ангелче  Гушев. 

Како и претходните години има  четири базни логори, каде се преноќева Криволак и Демир Капија во Македонија и  Поликсатро и  Акропотамис  во Грција.  Пловењето на Гемиџиите низ Грција до Солун е помогнато од извидниците на Солун. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати