Лани најчест сообраќаен прекршок во велешко биле непрописно паркирање и неприлагодена брзина на движење

Петар Печков

Минатата година на возачите  во велешко им биле изречени  7.555  прекршочни платни налози   за територијата на Општина Велес, додека на поширокиот дел, заедно со општините Градско и Чашка 8.271. Од овој број 2161 се евидентирани на делницата од Автопатот А1 што ја покрива ПС за БПС Велес од тунелите кај Катланово до локалитет Стоби. Лани биле реализирани 56 републички акциски контроли, 21 локални и 418 засилени акциски контроли.  

„Издадени се 7.555 прекршочни платни налози за наплата на глоба, од кои 1.866 или 25 отсто се непрописно паркирање, што е зголемување за 38 отсто во однос на 2024 година.  Вкупно контролирани возила и возачи од страна на ПС за безбедност во сообраќајот се 19.133 возачи и возила од нив 17.465 биле исправни  а 1.668 биле неисправни. Вкупно исклучени возачи се 1.361, најголем дел што е поразително е поради управување возило без возачка дозвола  651, возач почетник  289  и под дејство на алкохол 173“ – кажа  Ненад Дејаноски, командир на Полициска станица Велес, пред  членовите на Советот на Општина Велес,  образлагајќи ја работата на ПС  Велес за 2025 година. Лани биле изречени 1036 прекршоци поради неприлагодена брзина на движење.

Советниците побараа еднаквост при казнувањето за непрописно паркирање.

„Кај Црна река има колони автобуси по тротоар или на коловоз паркирано а има возачи ќе сопре за 2-3 минути се казнува. Кај Градски пазар ист случај. Пешаците по коловоз а возилата по тротоар.  Луј Пастер нема тротоар а се паркира по улицата“ – беа забелешките на членовите на Советот.

фото архива ТрМр

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати