Лани локалната власт финансиски помогнала со 1,8 милиони денари

Петар Печков

Градоначалникот лани од неговата ставка  исплатил како финансиска помош за смрт на член на семејство на вработен во локална самоуправа, градинките, музејот, образование   465 илјади денари или на 31 лице по 15 илјади денари а за смрт на вработен по 30 илјади денари во четири случаи. 

Советот на Општина Велес пак  додели еднократна финансиска помош на три семејства за опожарување на куќа по 70 илјади денари, еден милион денари на Општина Гази Баба за отстранување на последиците од поплавата,     10 илјади денари за  планинарска експедиција на Килиманџаро, 30 илјади на спортски риболовци на СП во Пловдив, исто толку на кајак федерација за ЕП и 50 илјади денари за лекување на едно болно лице.  Или вкупно Советот лани од Буџетот исплатил 1,33 милиони денари како финансиска помош.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати