Лани во Велес собрани 4.110 крвни единици

Петар Печков

Изминатата 2017-та година во Одделението за трансфузиона медицина во Велес биле собрани  4.228 крвни единици.  Во 29  организирани акции на  крводарување имало собрани 1.311  додека самостојно дошле, подале рака и дарувале крв  и собрани се   2.917  крвни единици, информираа од Општинскиот Црвен Крст на Велес. 

Но од минатата година воведена е новина, и крводарувањата се водат во општината од каде е дарителот. Поради ова  118 крвни единици  собрани во Велес изминатите  12 месеци не влегуваат во конечниот број, па тој изнесува 4.110 крвна единица. Или планот е реализиран со 220,1 отсто.

Споредено со 2016-та има повеќе оти тогаш имало собрани 4044 крвни единици.  118-те крводарувања се на дарители најчесто од соседните населени места од општина Лозово и селата околу, како Каратманово  а дарителите својата крв ја даруваат во Одделението за трансфузиона медицина во Велес, но од лани се забележуваат како крвни единици во Општина Свети Николе.

Во овие 118 крвни единици има и дарители од други градови, кои дарувале крв во акциите во велешката касарна а тука биле војници -доброволци или платени војници а се на работа во Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати