Лани Општина Велес потрошила помалку пари за јавни набавки од 2015-та

Петар Печков

Лани Општина Велес потрошила  172.762.234 денари за јавни набавки, што е 19 отсто од Општинскиот Буџет, кој лани изнесуваше 906,3 милиони денари.  

Или минатата година споредено со 2015-та се потрошени помалку пари за јавни набавки,  206,5 милиони што е 26 отсто од Општинскиот Буџет  а за илустрација во 2014-та биле потрошени    за јавни набавки  113.512.030  денари.

Минатата година биле реализирани 127 јавни набавки  на територијата на Општина Велес и просечно  по глава на жител трошоците се 3.158 денари. 70 отсто од средства се трошат за изведување на работи,  20 отсто се за услуги а 10 отсто за стоки.  

За споредба во 2015-та јавните набавки  во Општина Велес биле реализирани преку 138 проекти и тогаш просечно секој жител во општината платил по  3.786 денари.

Вредноста на јавните набавки е показател не само за тоа колку пари потрошила општината за своето функционирање (канцелариски материјал, опрема, средства за огрев, хигиена и сл.) туку пред се  за извршување на обврските од нивна надлежност.

Според вредноста на распределбата на јавните набавки најмногу пари заминале кај Делта пром инг од Велес - 28,9 милиони денари (16.7%,) па Изолација Скопје –  17,7 милиони (10,2%), Евро- инженеринг Велес 17,2 милиони (10%), Урбан инвест Кавадарци –  16,2 милиони (9,4%), Изгрев инженеринг  Велес -13,3 милиони (7,7%),  Еси времено Скопје – 7,5 милиони ( 4,3 %), Електрон ББ Велес –  4,2 милиони (2,4,%), Мега Скоп Скопје – 3,6 милиони (2,1%), Тргоцемент Велес – 3,6милиони ( 2,1%), Интерградба Велес – 3,6 милиони (2,1%), Коп инженеринг – 3,5 милиони (2%), Ива 2003 Велес –3,1 милион ( 1,8%),  Код инженеринг Скопје – 3,1 милион ( 1,8%), Дизајн центар Кавадарци – 3 милиони ( 1,7%),  Евро стил Велес – 2,8 милиони  (1,6%), Флора центар Струмица – 2,7 милиони (1,6%)

И за соседните општини. 

Лозово во 2016-та потрошила 1.060.295 денари за 8 јавни набавки што е  1,75% од Општинскиот буџет кој изнесувал 60.792.896 денари. Просечно секој жител на општината платил по 408 денари за јавни набавки. 44,6% од средствата биле наменети за работи а по 27,7% за услуги и за стоки. 

Чашка лани потрошила 14.995.007 денари за 23 јавни набавки, што е 10,4 % од Општинскиот Буџет кој изнесувал 144.122.046 денари.  Просечно секој жител на општината платил по 1.882 денари  за јавни набавки. 55 % од средствата биле наменети за работи а 37 % за стоки и 8% услуги.

Податоците за општина Градско не се целосни. 

Еве колку работеле и велешките фирми лани со локалните власти, преку јавните набавки. 

Изгрев инженеринг 30,9 милиони денари освен со Општина Велес работел и во Богданци, Долнени, Гевгелија, Чашка

Делта пром инг од Велес -   28,9 милиони денари, сите преку Општина Велес

Евро инженеринг  27,4 милиони денари, преку Општина Велeс и Старо Нагоричане

Податоците се преземени  од    http://prizma.mk/

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати