Уставниот суд ја прифати жалбата за ДУП-от кај пазариште и стар театар, бидејќи при неговото донесувањето забелешката која ја доставиле граѓани, не била вратена кон нив

Петар Печков

Уставниот суд ја укина Одлуката за  донесување на Детален урбанистички план за дел  Општина Велес  на левата страна од Велес. Со ова е прифатена иницијативата поднесена од страна на граѓани, кои живеат во тој дел на градот.

Со промената на ДУП-от, помеѓу другото се предвидуваше изградба на покриен градски пазар но и изградба на зграда за домување на просторот од некогашниот стар театар, која би била деветокатница.  Во образоложенито за одлуката Уствен објасни дека не е почитувана постапката.

„Во конкретниот случај од увидот во доставената документација неспорно произлегува дека заинтересиран граѓанин учествувал на јавната анкета во постапката за донесување на оспорената одлука на начин што поднел анкетен лист во кој истакнува забелешки по однос на предлог ДУП за дел од УБ 32 во УЕ IV и дел од УБ 47 во УЕ IX, Општина Велес. Од доставениот Извештај УП бр.1310-01 од 02.03.2020 година произлегува дека забелешката по анкетниот лист не е прифатена, но доказ за писмено известување на лицето чии забелешки биле прифатени или пак одбиени по анкетниот лист во смисла на член 35 став 12 од Законот од страна на доносителот не е доставен. Оттаму, цениме дека е направена повреда на наведената одредба, како и на член 8 став 1 алинеи 3, 9 и 10 и член 51 од Уставот“ – пишува во одлуката на Уставен суд.

Граѓаните кои живеат во околината на стариот театар, по најавите за  започнувањето на уривањето на објектот од стариот театар, реагираа дека тука нема не треба да се гради зграда на 9 ката, туку е потребен парк и зеленило. Токму тоа го пишале и при постапката  на донесувањето на  ДУП која е започната зимата 2020 година а донесен е на 12 јуни 2020 година. 

Доставената забелешка од грашани, по  анкетниот лист до локалната власт Општина Велес не ја прифатила, но за истата нема документација дека е вратена  до засегнатата странка, граѓанинот кој реагирал.  Постапката за промена на ДУП  започнала со  јавна анкета по  Предлог ДУП за дел  од   УБ 32 ВО УЕ 4 и ДЕЛ ОД УБ 47 ВО УЕ 9  како и јавна презентација  одржана на ден 05.02.2020 година, во просториите на Општина Велес.  

Во овој  период доставен бил  еден анкетен лист со забелешки, кои не биле  прифатени од страна на Комисијата за изготвување на извештај. 

Забелешките по организираните две јавни презентации и јавни анкети, локалната власт објаснува дека  не биле прифатени бидејќи  не биле поткрепени со доволно аргументи.  Претходно била организирана првата јавна презентација одржана на  16.05.2016 година  во просториите на Општина Велес и јавна анкета по Предлог ДУП  организирана  во периодот од 06.05 до 20.05 2016 година.    По истекот на рокот за неа,  до Комисијата не бил доставен ниту еден анкетен лист со писмена забелешка.   

Отфрлањето на ДУП-от поради непочитување на законската регулатива, отвори жестока расправа на седницата на Советот на Општина Велес.

Советничката од СДСМ Пандорка Прличкова побара одговорност, со име и презиме,  за трошоците од 550 илјади денари за рушењето на зградата на стариот театар, за архитектите градежните инжинери вклучени во донесувањето на ДУП.

На ова реплицираше Драган Димевски од ПОДЕМ, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кој констираше дека ДУП-от е донесен 2020 година, кога токму советничката Прличкова, заедно со нејзините колеги од тогашната власт на локaлно ниво СДСМ го донеле планот.

Во дискусијата се јави и градоначалникот Марко Колев, кој по прозивките за одговорност,  изнесе податок кој беше малку познат.

„Фактите за овој предмет се дека овој ДУП е донесен врз основа на ГУП донесен во периодот 2007-2009, кога градоначалник бил Аце Коцевски, избришана е зградата на театарот и впишана е висококатница. Што вина јас носам“- кажа Колев.

Одлуката на Уставен суд е конечна. Доколку сака да се промени ДУП, каде е вцртана девeтокатница, потребно е да се смени ГУП.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати