Лазар Ракиџиев повторно избран за претседател на ОФС Велес

Петар Печков

На денешното редовно изборно  Собрание   на ОФС Велес повторно со четири годишен мандат беше избран  досегашниот Лазар Ракиџиев.  Тој беше избран едногласно од сите 35 присутни делегати.  За потпретседател беше избран Роберт Гочевски.  Ракиџиев им се заблагодари на присутните за довербата.

Во својот претходен мандат успеавме заедно со ФФМ во Велес  да донесеме стоилци на Градски стадион, вештачка трева како подлога, да се реновираат соблекувалните.  Веќе е потпишан договорот и за санација на помошното игралиште, изградба на трибини - кажа Ракиџиев.

По изборот соопшти дека ФФМ со по 15 илјади денари ќе ги помага екипите од Општинските лиги.  На  редовно изборно  Собрание   на ОФС Велес присуствуваше и првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини.  

Беа избрани и делегати за Собрание на ФФМ а тоа се Лазар Ракиџиев, Драган Јорданов, Борис Леов  и  Тони  Димевски а нивни заменици се  Благој Петров, Роберт Гочевски, Томе Шескокалов и Горан Манасиев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати