Коцевски прогласи победа во Велес (фото)

Петар Печков

Аце  Коцевски вечерва прогласи победа на локалните избори во Велес . Според неофицијалните резултати на неговата партија, тој  водел со четири илјади гласови повеќе  од противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Славо Чадиев.   Со шампањско  се славеше победата  во центарот на Велес, пред насобраните поддржувачи, симпатизери и членови на коалицијата на СДСМ.

Со задоволство информирам дека   во Велес победивме, со убедлива предност од околу четири илјади гласови разлика, во првиот изборен круг. Им се заблагодарувам на  моите сограѓани кои ми ја дадоа  победата и така се исправи една голема историска неправда, која ми беше направена во двата претходни изборни циклуса, со подмитување,  вршење притисок, закани.  Овој пат, тоа  не можеа да го направат. Изборите беа и поминаа, јас  ќе бидам градоначалник на сите граѓани  на општината. Единствена желба ми е Велес да биде најдобра општина, општина за пример.   Во Велес не  победи концептот на новата ера, туку победи    концептот за заеднички живот – порача Коцевски. 

Тој објави  дека сопреле можност за купување  на гласови во  месноста Рамина.

Во истата куќа, каде ,,алфите,,  чуваа стража пред четири години  и се делеа пари, се купуваа гласови како на пазар, овој пат  го спречивме тоа, со наши активисти. Не е наш стил на работа да купуваме гласови. Нашето учество на терен  беше толкаво колку да ги спречиме незаконските дејанија на противниците и за среќа успеавме во тоа, да  купуваат гласови од     сиромашните Роми – рече Коцевски. 

Тој кажа дека најголема победа имале во Горно Оризари и изрази голема благодарност кон нив, исто како и кон жителите на Бузалково.  Информира дека на овие избори победиле на места каде претходно губеле, Керамидна, Тунел, Превалец.  

Според претседателот на ОО на СДСМ Велес, Панче Иванов тие по пребројани 50 отсто од Избирачките места, водат со 1,5 илјади гласови и имаат мнозинство на советница.  Носителот на листата на советници  д-р Ненад Коциќ, кажа ,,Ветивме  победа, добивме победа,, 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати