И годинава припадниците на АРМ со донација за Денот на Командата

Петар Печков

Традиционално за 15 април,  Денот на Командата за обука и доктрини (КОД), во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализираше хуманитарна акција. Таа е обезбедена од донации на војниците, војните лица, граѓанските лица во АРМ. 

„Во рамки на акцијата беа донирани пакети со прехранбени производи од страна на припадниците на Армијата. Волонтерите на Црвен крст ги подигнаа донациите, по што ќе следи нивна распределба. Пакетите ќе бидат наменети за лица и семејства кои живеат во социјален ризик“ – соопштија од Општинската организација на Црвен крст Велес.

фото ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате родителите да бидат казнувани кога нивните деца ќе направат прекршок или кривично дело на училишта?

  • да
  • не
Резултати