И велешкиот Музеј ги отвори вратите за посетителите

Петар Печков

Од вчера, понеделник, по четири месечна пауза, Градскиот музеј започна со работа со посетители.   Работното време е од 8 до 16 часот секој работен ден, додека посетата на спомен куќите  е со најава.

Секој посетител според протоколите задолжително мора да носи заштитна маска. 

Дозволено е на 100м2 површина посета до 15 посетители во просториите на Градскиот музеј, а во спомен куќите на велешките великани истовремено може да биде дозволен влез на пет до шест посетители по група.

Спомен Костурницата, поради големата квадратура, може да ја посетат поголем број посетители, но со задолжително држење на растојание. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати